Ермира Мехмети: Ме уценуваат со монтирани снимки

 

Пратеничката Ермира Мехмети вчера го повика Специјалното јавно обвинителство да поведе постапка во врска со снимка од приватен телефонски разговор кој неодамна се појави на Јутјуб, а за кој се тврди дека е меѓу вицепремиерот Муса Џафери и Мехмети.

– Станува збор за монтирани снимки кои се користени за политичка уцена уште од јануари. Јас дадов исказ во Јавното обвинителство да го истражува случајот, а го повикувам и Специјалното Обвинителство да поведе постапка - изјави Мехмети за НОВАТВ.

Од ДУИ претходно најавија дека ќе бидат поднесени пријави до повеќе институции за нереагирање и непреземање мерки во заштитата на приватноста и кривични пријави до медиумите кои овие разговори ги објавиле. 

 
 
01.04.2016 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега