Списокот ќе се пречисти навреме - ДИК подготвен за избори на 5 јуни

 

ДИК и покрај сите тешкотии со кои се соочи, на време ќе ги заврши своите обврски за да овозможи фер, кредибилни и демократски избори на 5 јуни. Извор од Државната изборна комисија за Press24 велат дека сега се е во рацете на МВР кое има за проверка 71793 записи.
„Теренската проверка е завршена. На крај е и процесот за внесување на анкетните прашалници. На крај е со проверките на ДИК во 5.817 записи.
Од Управата за водење на матичните книги проверени се 97.903 записи. Се уште од МВР немаме одговор до каде се денес со проверките на 71.793 записи.
ДИК и покрај сите тешкотии со кои се соочува ќе ги заврши своите обврски“ – велат за Press24 извори од Државната изборна комисија.
По ова станува јасно дека ДИК веќе не може да биде пречка на патот за одржување на изборите на 5 јуни. Сега се е во рацете на МВР кое треба да ја заврши својата работа за што според добро упатени извори има и повеќе од доволен капацитет. 

 
 
05.04.2016 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега