Ахмети: Партиите да не ги опструираат изборите на 5 јуни

 

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г-дин Али Ахмети денес престојуваше во седиштето на Европската Унија во Скопје каде се сретна со г-дин Кристијан Даниелсон, Директорот на Директоратот за проширување на ЕУ како и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, г-дин Аиво Орав, информираат од Мала Речица.

Лидерот Ахмети и Директорот Даниелсон разговараа за актуелната ситуација во земјата, безбедносната ситуација, спроведувањето на договорот во Скопје, за интеграцијата во Европската Унија, реформите и меѓуетничките односи.

Г-дин Даниелсон ги насочи високите оценки на Брисел за конструктивната улога на Претседателот Ахмети и на ДУИ во постигнувањето на договорот во Скопје.

Во соопштението се вели дека Ахмети истакнал дека Државната Изборна Комисија треба да ја заврши својата работа навреме додека ДУИ ќе даде поддршка на ДИК за примерно спроведување на изборите, исто така, ги покани и други политички партии да не го попречуваат процесот на било кој начин.

„ДУИ ќе се ангажира за следење на реформите и изборите, ќе ги изгради државните политики во партнерство со меѓународната заедница за заедничко добро.“ - истакнал Ахмети

Тој ја нагласил важноста од продолжувањето на интегративниот процес веднаш по изборите на 5-ти јуни.

Од ДУИ велат дека Ахмети исто така, зборувал за целите на одредени центри, во соработка со криминални групи, кои се обидуваат да поттикнат ирационални постапки на ДУИ со цел да го оштетат процесот на спроведување на Договорот од Скопје, но го уверил г-дин Даниелсон дека ДУИ и албанците нема да дозволат да паднат жртва на било какви монтирани материали. 

 
 
05.04.2016 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега