За вечерва најавени масовни протести пред седиштето на СДСМ

 

Се најавува голем масовен протест од незадоволни граѓани кои изреволтирани од одлуката за помилување на криминалците Зоран Заев и Зоран Верушевски, објавува Инфомакс.

protesti_kontra_protesti

-Како што дознаваме, демонстрантите се собираат спонтано, а ќе се протестира пред седиштето на СДСМ бидејќи сметаат дека е неприфатливо по втор пат двајцата да бегаат од лицето на правдата и да го избегнуваат законот, објавува порталот.

Потсетуваме, Зоран Заев беше обвинет за шпионажа и уценување и заканување против високи државни фукнционери, додека Верушевски за велепредавство и незаконско прислушување.

Денес Претседателот Иванов донесе општ акт за аболирање на сите обвинети политичари од СЈО со цел да се смири тензијата помеѓу партиите.

 
 
12.04.2016 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега