Каракамишева: Иванов како татко на нацијата сака да ги сплоти политичарите и граѓаните
Претседателот на државата е татко на нацијата и треба да ги сплоти политичките партии и граѓани анализира професорката Татјана Каракамишев во гостувањето на ТВ Нова.

Оваа одлука не значи повреда на правната држава, со оваа одлука Иванов не сака да ги поклопи институциите, тој настапил со оваа одлука затоа што имал сознанија дека во државата ни се случуваат игри кои ги креира некој од надвор и кој не можат да бидат надминати поинаку, вели таа.
-Затоа тој ги согледал тие работи многу повисоко од политичките партии и донел таква одлука за да се превенира состојба на бездна. Ние сме сведоци, дека имаме голем број на политички случаи се со цел деградирање на политичари, за да не можат да бидат употребливи во избори политика. Основна цел на овие туѓи центри е да се извалкаат сите политичари кои имаат легитимитет и кои имаат народна поддршка. Со покажување со прст кон политичарите, граѓаните да немаат избори и да постават луѓе марионети кои треба да се наш избор. Ние сме доведени во ќор-сокак или сами ќе одлучуваме или некој друг ќе ни ја преземеме државата, како што имаше и има состојби во други држави каде државите се преземени. Тоа е е она сценарио кое мораме да го превенираме, овие генерации имаат историка улога, надминување на кризата или работите ќе отидат во бестрага, анализира Каракамишева.
Имаме фактор кој ни бдее над државата и ни диригира, а ќе бидеме виновни ако дозволиме работите да ни ги води некој друг од надвор, вели професорката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа