Катица не одговара на однапред недоговорени прашања

 

На вчерашната седница на Комисијата за политички систем каде се разгледуваше Извештајот за работата на СЈО, само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во текот на седницата до Катица Јанева поставија вкупно 45 прашања, а делумен одговор добија само на 11 прашања.

За нетранспарентноста и неспособноста на Јанева да биде уште поголема, дури и на тие 11 прашања кои што таа се обиде да ги одговори, добиените одговори немаа никаква суштина и беа површни. Стручната јавност во Република Македонија оваа ситуација и однесување во Собарнието на Катаица Јанева  ја спореди со невидена катастрофа и ја претстави како преседан кои никогаш досега ниту еден државен функционер не си го дозволил во Собранието на Република Македонија.  

На пример, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски до Катица Јанева упати 31 прашање, а доби одговори на само 7 прашања.

Останува да видиме дали Јанева на денешното продолжение на Комисијата за политички сиситем, конечно пред пратениците и македонската јавност ќе собере храброст и ќе даде одговори на сите прашања, дилеми и нејаснотии.

 
 
22.09.2016 - 10:56
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега