Катица Јанева почна да лаже во Собранието

 

Катица Јанева очигледно фатена во тесно од незгодните прашања на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ почна и да лаже пред пратениците и целата македонска јавност.

На вчерашната седница Катица Јанева во одговорот на пратеничко прашање истакна дека во досегашните 12 % од прислушкуваните разговори немало разговори од Зоран Заев.

„Што се однесува да покренеме истрага против градоначалникот на Струмица, досега одговорно тврдам на тие 12 % раговори кои ги преслушавме, нема разговори од градоначалникот. Нема!“, вчера одговори Катица Јанева. 

Денес истата Катица Јанева, на истото прашање, даде целосно различен одговор. Таа денес призна дека вчера излажала и дека Зоран Заев го има во 12-те % од досега преслушаните разговори.

 

„Во тие 12% кои ги преслушавме реков дека Зоран Заев не е преслушан за некој тендер или слично, не значи дека не се слуша во некој дел од разговорите“, кажа денес Катица Јанева.  

 
 
22.09.2016 - 15:51
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега