СИТЕЛ: Oдложен претресот за „поткуп од 200.000 евра“ поради службено патување на Заев во Албанија
Службеното патување на Заев во Албанија го одложи претресот за случајот Поткуп. Лдиерот на СДСМ и струмички градоначалник обвинет за поткуп од речиси 200.,000 евра не се појави во судницата на скопскиот Кривичен Суд. Истовремено отсустна беше и спецџијалната јавна обвинителка КАтица ЈАнева која го презема неговиот случај.
За случајот Поткуп до сега нес е одржа ниту едно судско рочиште. Еднаш тој отсуствуваше со причина дека бил на состанок со кинескиот амбасадор во Македонија, друг пат со изговор дека на пат се неговите бранители и сега со образложение дека е на службен пат во Тирана. Заев се појави единствено кога стапи на сила аболицијата поднесена од претседателот Иванов.
И во текот на истрагата Заев одбиваше да ги почитува барањата на судот.
Инаку Заев, како градоначалник на Струмица е обвинет за барање поткуп од локален бизнисмен при приватизација на градежно земјиште. Според обвинителството, Заев од оштетениот побарал по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица. Побарал половина од парите да му бидат дадени нему, а другата половина за изградба на црква
Приавата против Зоран Заев беше поднесена пред година и половина а се сомничи дека делото поткуп го сторил во 2013.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа