Ќе и го перат образот на улица: „Шарените“ излегуваат на протест за Јанева
Приврзаниците на „Шарената револуција“ повторно излегуваат на улица по паузата за време на летните одмори во понеделник во 17 часот. "Шарените" со старата тактика ќе ја изразат поддршката за СЈО, пишува Телеграф. Тие ќе и дадат поддршка на Катица Јанева откако таа се изрезили во обид да го презентира извештајот за работата.
Не можејќи да го го издржи притисокот од јавноста, на Јанева дури ѝ се слоши додека пратениците бараа од неа да образложи како специјалното обвинителство ги троши парите, а лошата недела и започна кога имаше фијаско на интервју на МРТ.
Собирот за поддршка на СЈО треба да започне пред новите простории на СЈО во Карпош, а да заврши пред „Порта Македонија“ во центарот на Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа