Јаковлески предупреди: Не си играјте со ВМРО и Македонија!

 

Мане Јаковлески, на панел дискусијата што ја организира ВМРО-ДПМНЕ му даде поддршка на партискиот лидер Никола Груевски во име на основачите и ветераните на партија.

Kако одговор на опозицискиот марш на 11 октомври тој го поддржа Груевски  и испрати предупредување до неговите политички противници да не си поигруваат со ВМРО и Македонија.

-Ние, основачите и ветераните на ВМРО ДПМНЕ, го поддржуваме лидерот на партијата да истрае на патот по кој чекори и заедно да ги победиме сите зла кои се исправени пред македонската држава и народ. А, на самопрогласените спасувачи, им порачуваме: не се играјте со Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, седете подалеку, за да не се изгорите. ВМРО-ДПМНЕ, не е само партија, туку идеологија, рече Јаковлески.

 

 
 
15.10.2016 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега