Најгласните поддржувачи на СДСМ со потсмев ги коментираат пратеничките листи на Заев
Најгласните поддржувачи на СДСМ и на политиките на Зоран Заев денес со доза на потсмев ги коментираат листите со кои опозицијата ќе настапи на претстојните избори.
Новинарите кои жестоко го бранеа СДСМ во целиот период на деструкции и црни сценарија, денес јавно го искажуваат своето чудење и незадоволство од лицата кои се најдоа на нивните пратенички листи, пишува Курир.
Јадранка Костова и Борјан Јовановски кои со години јавно ги поддржуваат сите одлуки на Зоран Заев и даваа поддршка за него пред изборите, денес со жестоки критики на негова адреса.
Критики за избраниците на Заев кои ги стави на листите испраќаат и многу други поддржувачи на опозицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа