Мајка уапсена поради тоа што му го дозволила на своето мало дете: Не е единствена која ќе одговара

 

Со тужба за загрозување на детето се соочува мајката од Охајо, која му дозволи на нејзиниот десетгодишен син да направи трајна тетоважа. На видеото, кое беше споделено на „Фејсбук“, 34-годишната Ники Дикинсон е до својот син во моментот кога тој добива тетоважа од 16-годишник.

Дикинсон во полиција изјавила дека синот долго ја молел да добие тетоважа, а таа на крај попуштила бидејќи се уморила од неговите молби.

Покрај мајката, на која и се заканува казна од шест месеци во затвор, со тужба се соочува и 16-годишниот тату-артист, бидејќи се согласил да го тетовира момчето, но и затоа што тоа го правел во домашни услови, во сомнителна несанитарна и ризична по здравје околина.

 

 

 

04.10.2018 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега