Сите сватови гледале во нејзин правец: Полицајци дошле по неа, на свадба се однесувала недозволиво
За фотографката, 26-годишната Кетрин Ли од Тексас денес зборува целиот свет но не поради нејзината професија, туку поради скандалот што го направила на свадба на која била ангажирана како фотограф.
Таа се појавила на венчавката и наместо да фотографира, таа имала секс со еден од гостите, после што уринирала по дрво и после тоа им се заканувала на полицајците.
Имено, како што пренесуваат медиумите, Кетрин била фатена среде секс со еден од гостите. Кога била замолена да го напушти објектот, почнала да ги пцуе и да вика, па обезбедувањето ја известило полицијата.
Меѓутоа Кетрин не ја спречило ни тоа, па продолжила со скандалозното однесување, па уринирала покрај дрво.
Упасена е и однесена во притвор откако почнала да се заканува и на полицајците.
Нејзината сестра вели дека Кетрин е всушност жртва на две момчиња кои ѝ ставиле опојни средства во пијалокот, па ја силувале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа