Македонската пејачка проговори за болеста на нејзината ќерка: „Ја наследи од мене“
Македонската пејачка Јана Бурческа, која сите ја паметиме како македонска евровизиска претставничка, која беше запросена на евровизиската сцена, за „Женски магазин“ проговори за болеста на нејзината ќеркичка Дона. Таа откри дека Дона ја наследила болеста од неа. Имено, станува збор за атопичен дерматитис, односно хроничнo-воспалителна болест која се карактеризира со сува кожа, чешање и црвенило.
„Оваа болест имам од раѓање, а ја наследи и мојата ќеркичка, што значи имам искуство еден тон. Во времето кога јас сум била бебе, секако од она што ми кажувале моите родители, било исклучително тешко да се контролира состојбата поради недостигот на соодветни препарати. Среќна сум што во денес има огромен избор на производи за нега на атопична кожа, тоа на некој начин ме успокојува кога станува збор за состојбата на Дона, вели пејачката.
Таа истакна дека ваквата болест може да го наруши квалитетот на животот.
„Чешањето може да биде неподносливо, особено во текот на спиењето. Сум била во состојба кога кожата на рацете ми била толку сува и затегната што движењето на прстите ми се чинело невозможно. Замислете како овие симптоми ги поднесува едно бебе. За среќа, Дона досега немала толку агресивна форма како онаа што јас сум ја искусила и се надевам дека тоа нема да се случи“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа