Верувања: Како да изберете паричник кој ќе ви носи среќа
Паричник, важно е да го имате, да биде ваш и да го отварате почесто.
Која боја? – За жени: златен, но и црвено златен (црвеното е оган, златното е метал; огнот го топи металот и го претвора во течно злато. За мажите браон со златни детали (браонот- земја – стабилност, златно – метал; Земјата создава метал = постојани приходи.
Дали сами го купувавте? – Правило е секогаш сами себе да си го купите, бидејќи не знаете каква судбина, карма и енергија по прашање на финансиите има лицето кое ви го купила паричникот, и друго – дали таа личност ви го подарила празен?
Дали паричникот ви е среден? – Ако парите не се убаво наредени, тогаш е неред и блокираност во паричникот во енергија на вашите финансии, како и во домот. Неред во паричникот го покажува вашето непочитување кон парите.
Дали паричникот ви е полн со книжиња и визит картици? – Во новчаникот никогаш не смеете да носете не платени па дури и платени сметки, бидејќи секогаш ќе привлекува енергија за трошење. Пожелно овие работи да ги носите одвоени .
Дали сте горди на вашиот паричник? – Треба да бидете горди на својот паричник, ако не го сакате, нема да можете и да го “полнете”. Кога купувате паричник, одберете го оној кој најмногу го сакате.
Колку пари носите во него? – Метафизичката тајна врли дека треба да имате малку повеќе во паричникот од вообичаено, бидејќи тоа привлекува уште поголем прилив на пари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа