Лепа Брена во болница: Пејачката исплашена побарала веднаш да ѝ биде направен скенер на главата

 

Лепа Брена во средата завршила во болница. Пејачката со денови трпела неподносливи главоболки, па на крајот морала да посети лекар. Веднаш ѝ бил направен скенер на главата во една приватна клиника, во која пристигнала преплашена.

Брена од минатата недела мака мачела со нападите на мигрена, поради што испаничила и одлучила детално да го испита својот организам.

Како што пишува Курир.рс, пејачката му се јавила на својот лекар и добила терапија од аналгетици, но нивното дејство било краткотрајно и занемарливо.

За среќа, скенерот покажал дека нема место за паника и грижа, но дека долготрајно лекување е задолжително, бидејќи има силно воспаление на синусите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2018 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега