Денеска е голем празник, за некој куќна слава - народното верување вели дека не треба да се прави ова
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 ноември.
Денеска е Св. Алимпиј Столпник.
Овој чудесен Алимпиј се роди во Хадријанополис, во Пафлагонија. Првин беше ѓакон во катедралната црква на градот, а подоцна се повлече и се настани на некои елински гробишта, што се наоѓаа надвор од градот. Таму изгради црква, а до црквата висок столб, па се искачи на стобот и таму помина 53 години во пост и молитва. Овој чудесен столпник му стана така светилник на светот. Подоцна, од двете страни на столбот се формираа два манастира, еден женски и еден машки, со кои управуваше свети Алимпиј. Се упокои, или поточно речено, премина во вечниот живот во 640 година, на 100-годишна возраст.
Во народните верувања се вели дека овој светец ја спасувал стокамата од чуми и други болести, а се смета и за заштитник на животните. Затоа, денеска на трпеза не треба да има телешко, јунешко, кравјо месо...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа