Нека не ве плаши зимата: Затоплете го станот со неколку трикови, тука сите грешиме
Во зима сите бараме начин повеќе да го згрееме станот.
Топлината во нашите домови најчесто се губи низ неадекватните врати или прозори, а тоа можете да го проверите со едноставен тест. Отворете врата или прозор, ставете лист хартија па затворете. Доколку листот можете лесно да го извлечете, на вашите врати или прозори губите топлина.
Зад радијаторите се наоѓаат надворешните ѕидови, под прозорецот поставете рефлектирачка фолија. Така протокот на топлината ќе биде насочен кон просторот а не кон прозорот.
Даска поставена над радијаторот или друго грејно тело, ако е покрај прозорт е препрека за излегување на топлиот воздух од прозорите. Радијаторите не ги прикривајте со завеси или мебел кој спречува ширење на топлотната енергија.
10.12.2018 - 21:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа