ФОТО: Пере од „Нокаут“ со емотивна порака за својата ќерка - погледнете како изгледа
Музичарот Никола Перевски-Пере е горд на своите две ќерки. Со емотивна објава на својот Фејсбук профил, фронтменот на „Нокаут“ ги опиша Михаела и Каја.
„Горд сум на овие мои две ќерки Македонки. Љубов, љубов и само љубов. Позитивни мисли и вибрации. И кој нема ќерка, никогаш нема да ја бакне најубавата девојка на светот“, напиша Пере. Неговата постара ќерка Михаела е и негов музички соработник. Таа ги пее придружните вокали на сите концерти на „Нокаут“. На славеничкиот концерт на бендот минатиот месец во СРЦ „Кале“, со кој „Нокаут“ прослави 20 години од првиот концерт на истото место, Пере ѝ го честиташе роденденот на ќерка си.

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа