Денеска е Св. апостол Андреј Првоповикан - на трпезата имајте ја оваа намирница
Денеска е Св. апостол Андреј Првоповикан.
Свети Андреј беше по професија рибар, како повеќето апостоли, за да се зачуди светот што меѓу прости, необразовани рибари се нашла таква мудрост. Инаку, му беше брат на апостол Петар. Првин беше ученик на свети Јован Крстител. Но, кога самиот свети Јован го нарече Христос Јагне Божјо, кое го зеде гревот на светиот, т.е. Спасител, овој му се придружи. По слегувањето на Светиот Дух проповедаше на многу места: Византија, Тракија, Дунавските земји, денешна Русија, околу Црното Море, а најпосле во Епир, Елада и Пелопонез, каде и пострада. Беше распнат на крст. Моштите му беа пренесени во Цариград. Подоцна, главата му беше пренесена во Рим, а едната рака во Москва.
Народни верувања
Според народните верувања Свети Андреј се смета за заштитник на големите животни. Со нив разговара, а тие му се покорни.Се верува дека овој светец ги скротува мечките како кучиња.
Пред овој празник се готви пченка и не се коле стока.
Во краиштата каде имало мечки пред овој празник се готвело „пченка за мечките“ и се оставала да преноќи на кровот, па ако мечките не ја изедат, тогаш утрината ја јадат домашните.
Денеска е убаво да се јаде пченката. Се верува дека денеска мечките не ги напаѓаат луѓето, затоа и не треба да се ловат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа