Вака Русите ги воспитуваат децата: Нивните методи се делотворни, но остри
За да им помогнат на родителите при воспитувањето на децата, руските психолози ги советуваат да употребуваат методи од руското племство.
Иако се чини дека овие совети се застарени, руските пшсихолози и педагози тврдат дека нема ништо лошо во тоа да се потсетиме што порано се сметало за доблест, па врз основа на тоа, овие совети се прилагодени на современиото друштво.
Самопочит
Малите благородници уште во детството слушале дека на оној што многу му е дадено, од него многу и се очекува. Со други зборови, поради тоа што веќе се родиле како привилегирани, значи дека треба да покажат и докажат дека се вредни за тоа, па од мали нозе ги учеле дека мора да бидат храбри и чесни. Доброто образование не требало да им биде инструмент за стекнување слава и богатство, туку орудие за постигнување душевен и умствен развој. Денес, кога децата често умеат да претераат со своите желби и барања, понекогаш не е лошо да ги потсетиме на вистинските вредности.
Храброст
Кукавичлакот не можел да се поврзе со другите благороднички особини и вештини, затоа дворјаните особено внимание посветувале на храброста и сметале дека таа може да се извежба со јакнење на волјата и други потребни физички тренинзи. Мора да се потенцира дека храброста не се сметала само за доблест на младите благородници кои ја стекнале служејќи војска или преку ангажман на тешки задачи во флотата, туку пожелно било и младите дами да бидат решителни и смели.
Физичка сила и подвижност
Тешко може да се замисли дека претходно наведените карактеристики го красат некој што е тром и смотан. На пример, во лицејот во околината на денешен Санкт Петербург, каде што се образовал Пушкин, секојдневно се одвојувало време за „гимнастички вежби“. Освен тоа, сите што го посетувале лицејот морале да одат на часови по јавање, мечување, пливање и веслање. Не смее да се заборави дека лицеите биле образовни институции за привилегираните и се претпоставувало дека завршените студенти ќе работат во државната управа и во други слични институции.
Од друга страна, воените школи што ги посетувале благородниците биле неспоредливо построги и таму се барала беспоговорна дисциплина. Помеѓу благородниците било пожелно да се покаже физичка спремност и умешност за практикување различни вештини. Затоа аристократијата одела на лов, бидејќи низ оваа активност, преку јавање, издржливост, прецизност се покажувало колку поединецот е во добра физичка кондиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа