ФОТО: Поради него луѓето мислат дека Елвис Присли е жив - ова е внукот на легендарниот пејач
Музичката легенда Елвис Присли е вечна инспирација на имитаторите во Лас Вегас.
Сите сакаат да изгледаат како него, но само една личност на светот ги наследила неговите гени и буквално е прекопирана верзија на музичката сензација.
Неговиот внук Бенџамин Кијоу привлекува големо внимание, бидејќи е копија на својот дедо.
Лиса Мери, мајката на Бенџамин, во едно интервју кажала:
„Навистина изгледа како Елвис. Луѓето некогаш се вртат по него, бидејќи не можат да си веруваат на очите“
Бенџамин не користи друштвени мрежи и не дава интервјуа за медиумите. Неговата сестра која е актерка неколку пати со него се појави на црвениот тепих, а после тоа тој веќе не сакаше да се појавува во јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа