Што се прави со свеќата по слава? - овој обичај е многу важен
Доаѓаат многу слави, а најголемата од сите е Свети Никола која ја чествуваме идната недела, а е најчеста македонска слава.
Како таткото ја пренесува славата на совите синови? Доколку синовите живеат со таткото во една куќа, тогаш сите заедо ќе ја слават славата. Меѓутоа, кога некој од синовите основа свое смејство, ќе се ожени или повеќе не живее со таткото, тој веднаш треба да почне во својот нов дом да ја слави домашната слава.
Неколку дена пред славата во домот во кој се слави, започнуваат подготовките, за славата да биде посвечена и подостојно да се дочека. Куќата се подготвува, се чисти и средува. Домашните, поготово на децата им се купува нешто ново кое ќе го носат на денот на славата. Во куќата владее свеќена атмосфера и ведро и духовно расположение и радост.
Пред славата попот доаѓа во вашиот дом и осветува вода. За време на обредот пожелно е да присуствуваат сите домашни па поради тоа доаѓа службеник од црквата за да ви го најави доаѓањето на попот.
Што се прави со свеќата по славата? Откако ќе заврши домашната слава свеќата се чува преку целата година за здравје, среќа и берикет во домот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа