ФОТО: Актерката може да заврши пет години во затвор
Египетската актерка и манекенка Ранија Јусеф мора да оди на суд поради фустан кој откривал повеќе, односно „поттикнувал разврат“, на церемонија на затворање на филмски фестивал во Каиро.
Ранија Јусеф на манифестацијата се појавила во црн фустан со провиден долен дел кој овозможувал да се видат нејзините нозе, јавува Би-Би-Си.
Актерката ги разбеснила сограѓаните кои на социјалните мрежи ја критикуваат, додека многу мал е бројот на оние од кои Ранија има поддршка велејќи дека таа има право да облече што сака.
Двајца адвокати побарале од државниот обвинител на Египет да реагира поради изгледот на актерката и против неа е покренато обвинение за „поттикнување разврат“ во јавност.
-Сакам повторно да упатам извинување. Се надевам дека сите ќе сфатат дека немав лоши намери и не сакав никого да налутам, вели во својата порака објавена на Твитер Ранија.
Доколку биде прогласена за виновна, актерката би можела да помине во затвор пет години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа