Поседете божиќна пченица - Свети Никола е вистински ден за тоа
Божиќната пченица може да се купи секаде, но обичај е за Свети Никола, големиот празник кој ни доаѓа во среда, сами да си засадите.
Пченицата се сади на празникот Свети Никола, на 19 декември кај православните, а кај католиците на 13 декември на денот Света Луција.
За садење потребни ви се рака пченица и чинија во која ќе ја посадите.
Во плитка чинија ставете земја, а на неа наредете ја пченицата, која стоела во вода во текот на ноќта. Одозгора покријте ги зрната со уште малку земја, која секој ден ќе на наводенувате, односно прскате со вода на собна температура.
Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Само треба да се распоредат на дното на чинијата, така што целосно ќе се прекријат.
Се остава од работ на садот најмалку 1 см., зошто пченицата со никнувањето се шири. Се полева умерено. Најдобро е само да се прска со вода, два пати дневно.
Може во средината на садот да се остави простор во кој подоцна ќе се стави свеќа.
Пченицата која сте ја посадиле можете да ја прекриете со памучна ткаенина натопена со вода. Се става врз чинијата, за да може зрната рамномерно да набабрат и да добијат доволно влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци, ткаенината треба да се тргне за да може пченицата без проблеми да никнува.
Пред да се стави на маса, житото се шиша со ножици, за да биде рамно, зошто понекогаш расте нерамномерно.
На Бадник ставете свеќа во средина, а житото на средина врзете го со црвена машна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа