„Плаче тој, плачам и јас“ - Шерифовиќ ги разнежни сите кога објави емотивно видео со него
Популарната пејачка Марија Шерифовиќ одржа концерт во Тузла, а вечерта ја одбележал еден емотивен момент, па пејачката снимката ја споделила со своите фанови на Инстаграм.
Додека ја пеела својата популарна балада Марија му се обратила на едно момче од публиката кое ја воодушевило.
„Пејам од 15 години и никога, значи никогаш не ми било тешко некоја песна да ја отепјам до крај. Плаче тој, плачам и јас. Се смее тој, се смеам и јас. Се глупира тој, се глупирам и јас. И совршено се разбираме. Има кристално сини очи и насмевка како ангел“, напиша пејачката во опис на видеото.
17.12.2018 - 22:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа