Раните уште и крварат - Тамара Тодевска со емотивен статус за Влатко Илиевски

 

Тамара Тодевска пред неколку дена се породи и го донесе на свет своето синче, а сега се потсети на Влатко Илиевски кој годинава почина, а и беше верен пријател.

- „Ми текнува на овој дел од концертот кога се појави Морал и Влатче беше највеќе свој додека пееше со нив. Колку плачев од среќа зошто знаев дека во тој момент беше најсреќен на светот. Ова  беше музика која најмногу му лежеше и најмногу му стоеше. Ваков го запознав и ваков ќе го запаметам. Покрај тоа што беше уметник и уникатен, беше другар за пример, полн со љубов, емоција,емпатија.Многу ми фали да ме насмее, да ме извади од такт, да ме распалче.Фалиш друже.Во овие најсрќени денови од мојот живот, фалиш да го споделам тоа со тебе. Секој ден. Секој ден помислувам на тебе, не можеш да не ми пројдеш низ главата. Многу те сакав и засекогаш ќе постоиш во моето срце длабку врезан. Мојот сакан Влатче. Мојот најсакан другар, брат ,колега…“ напиша Тамара на „Фејсбук“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2018 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега