Цеца почна војна со уште една пејачка: Таа ми е љубоморна
Цеца по карлеуша завојува со уште една жена на естрадата, а тоа е Драгана Мирковиќ, а сега се огласи за тоа.
„Едно да ви кажам, вие имавте прилика да го слушнете разговорот т.е јас послабо се слушам бидејќи бев во поминување. Јас се враќам од снимање, а Драгана седеше покрај мојата гардероба и секако јас морав да поминам. Искрено да ви кажам, кога некој со години индеректно ве коментира во негативен контекст и на лош начин ве коментира вас, вашето семејство, вашата кариера, не очекувате да ве поздрави. Таа го направи тоа, видовте со каков тон, со тој тон и беше возвратено, без никаква лоша намера. Ниту има лоша намера, ниту сам таква личност по природа. Јас на дотичната колешка како и досега и посакувам се најдобро, вие сте сведоци, никогаш за никој не имав лош збор. Од срце и посакувам во 2019 година да сними хит и да најде мир“ вели Цеца и додава:
„Јас имам многу пријатели на естрадата, а за две личности можам да кажам дека тоа е љубомора. За две личности можам да кажам дека тоа е љубомора, бидејќи не знам кои се причините,на никој немам направено ништо лошо, ја секој можам да погледнам во очи. Така имавте прилика да слушнете што имам да кажам на темата Драгана Мирковиќ и тука ја завршуваме приказната“, изјави Цеца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа