Со автомобилот излетала во река - безживотното тело на познатата пејачка пронајдено во Дунав
Автомобилот со кој управувала Анка Поп, канадска пејачка родена во Романија, според неофицијални информации излетал во Дунав, каде е пронајдено и нејзиното безживотно тело, бидејќи нејзината сестра го пријавила нејзиното исчезнување.
На балканската публика, убавата блондинка ? е најпозната по дуетот со Горан Бреговиќ - обработка на познатата песна „Ѓурѓевдан“ под називот „Едерлези“. Со Бреговиќ се запознала пред 10 години кога соработувал со неа за нејзиниот сингл „Љубоморно чудовиште“, па се појавил и во нејзиниот спот.
Инаку, Анка се фотографирала и за „Плејбој“ и имала планови да држи концерти во Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа