Официјално потврдено: Драгана Мирковиќ заврши во болница, ова е нејзината состојба
Српската пејачка Драгана Мирковиќ синоќа била итно однесена во болница во Виена, поради зголемен крвен приситок, главоболка и забрзана работа на срцето. После првата помош, Драгана била задржана во болница за да се извршат сите потребни анализи, а оваа информација официјално ја соопштија од нејзиниот менаџерски тим.
-Засега можеме единствено да кажеме дека Драгана се чувствува подобро и дека сме уверени дека се ќе биде во ред - велат од ПР службата на пејачката.
Некои српски медиуми повикувајќи се на свои извори пишуваат дека на пејачката ѝ се слошило откако Цеца Ражнатовиќ се огласила по повод односот со Драгана, односно непријатниот разговор при нивната средба во Радио-телевизија Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа