Ако сте црвенокоса ова мора да го знаете: Со овоие трикови бојата веќе нема да ви опаѓа

 

Голем предизвик е да се носи црвена боја на коса. Таа боја се поврзува со страствен карактер, затоа ако сте „огнена девојка“ или сакате да станете, еве неколку совети кои ќе ви помогнат на косата да ? пружите потребна нега.

Црвената коса им прилега на жените кои имаат розевкаст тон на кожа.

Молекулите на црвената боја подобро се впиваат на здрава отколку на оштетена коса. Затоа ако имате оштетена коса не се чудете доколку не ви ја прифаќа бојата. Не е тајна дека црвената боја многу лесно се измива и затоа подгответе се на често бојадисување.

Косата мијте ја со млака, никогаш со врела вода. Користете благи шампони за одржување на бојата. Шампоните против првут се јаки и го забрзуваат процесот на измивање на бојата.

Црвената боја брзо оксидира, затоа би било паметно да ја заштитите косата од сонце, како и од производи кои содржат УВ филтери.

Избегнувајте нападна шминка, бидејќи со драматична боја на коса не одговараат пренашминкани очи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2018 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега