Голема загуба за пејачката: „Бевме заљубени еден во друг, а сега го нема“
Орбо Каналес, познатиот фризер и добар пријател на светски познатата Џенифер Лопез. Орби и Џенифер биле блиски пријатели, а пејачката неговата смрт ја доживува како огромна загуба, па затоа и напиша цел текст за него.
„Кога имав 16 години бев фасцинирана од Вог. Се возев со метроа и гледав фотографии од супермодели. Бев опседната со фризури. Секогаш проверував во опис кој им ги прави фризурите и секогаш беше Ориб. Неколку години подоцна, работев на својот прв албум. Соработував со Бени Медин и ми рече дека треба да ангажирам шминкер и фризер за фотографирање на насловната страна на албумот. Никој не повикав тогаш, но кажав дека му се воодушевував на Ориб. Бени се насмевна и рече - ОК.
Наредните 10 години ги поминав со Ориб во секој момент. Се заљубивме еден во друг. Патувавме по светот. Тој ми помогна да процветам и да станам Џеј Ло“, напиша пејачката во опис на фотографијата која ја објави на својот Инстаграм профил, на која се таа и нејзиниот фризер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа