Ја славиме Света Ана: Велат дека овој ден е чудо за жените, ова задолжително направете го
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 декември.
Денеска е Зачнување на св. Ана.
Денес Црквата ги слави светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог. Уште попрецизно, Црквата се сеќава со радост на зачнувањето на онаа што подоцна ќе ја слават сите родови како Богородица. Во таа смисла, светите Јоаким и Ана. Црквата ги нарекува богоотци.
На овој ден, жените не треба да работат никакви работи, туку само да се молат за заштита на децата или зачнување доколку уште немаат пород, а се надеваат на тоа.
Во некои села, се задржал паганскиот обичај мајките со женски деца да одат околу куќата и да фрлаат пепел или просо за да ги зачуваат од зло.
Болните жени одат во манастир на молитва, а жените без деца одат во конак и остануваат 3 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа