Убиен внукот на Дара Бубамара во брутална ликвидација - се огласи и пејачката

 

Стефан Вилотијевиќ, припадник на кавачкиот клан кој вчера попладнето беше убиен во престрелка пред познатиот ресторан „Фиглмилер“ во центарот на Виена е внука на познатата пејачка Дара Бубамара. Во престрелката убиен е и Владимир Рогановиќ, еден од членовите на кавачкиот клан.

Пејачката за српскиот Курир рекла дека нема никакви информации за ранетиот внук.

„Во шок сум. Во моментов сум во Париз и ништо не знам, навистина не сум упатена. Ве молам да ми јавите пшто и да дознаете, морам да се напијам вода, не ми е добро“, рекла пејачката во изјава за српскиот портал.

Инаку, 22-годишниот Стефан Вилотијевиќ е син на црногорскиот криминалец Кичун Вилотијевиќ кој е убиен во 1999 година, како и неговиот помлад брат Филип, кој беше изрешетан во 2015 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2018 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега