Научниците откриваат: Каква ќе биде 2019 година - не чека пекол, пред нас екстремни промени на времето
Можеби глобалното затоплување звучи како нешто што се случува само на филмови, сепак ние уште сега чувствуваме сериозни последици.
Следната година повторно ќе биде срушен рекорд бидејќи 2019 година веројатно ќе биде петта по ред најтопла година некогаш забележна. Толку од тоа дека климата „не се менува“.
WMO (Светската метеоролошка организација) објави „депресивен“, но не изненадувачки факт за состојбата на климата во 2018 година базирана на 5 различмни независни истражувања на температурите ширум планетата.
Елена Манаенкова од WMA вели дека секоја фракција загревање се одразува врз човечкото здравје, храна, вода за пиељње, преживување на животните и билките, преживување на коралните гребени и морските животни.
На глобалното затоплување влијаат и природните појави како торнадата или пак човечките фактори.
Сите научници предупредуваат на тоа што ќе се случи ако просечната температура порасне за 1,5 степени Целзиусови. Ќе дојде до масовно губење на цели видови животни, суши на некои подрачја,, поплави, жештини, пожари, пораст на нивото на морето и недостаток на храна. И понатаму не се работи за да се реши тој проблем.
Време е да се загрижиме каква ќе биде 2019, а и годините кои следуваат. Да се сетиме на пожарите и сушите од оваа година и да направиме нешто да спречиме исти случки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа