Среќата во семејството Лазиќ никогаш поголема: Откриен датумот на венчавката на Дарко и Марина
Пејачот Дарко Лазиќ кој веќе со месеци закрепнува од стравичната сообраќајка, одлучи повторно да се жени.
Како што пишуваат српските медиуми, фолкерот сака да го забрза процесот на на бракоразводната парница со се уште законската сопруга Ана Севиќ, за следната година на 13. октомври на својот 28. роденден да се венча со својата избраничка Марина Гагиќ.
Бидејќи фолкерот успешно закрепнува од сообраќајната несреќа која ја одживеа на 23. октомври, почна да размислува за планови за иднината. Сега кога е сигурен дека неговата вереница е личноста со која што сака да го помине животот, приоритет му е судски да се разведе од Севиќ, за да може да почне живот со новата љубовна партнерка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа