ФОТО: Медиумите го прогласија за мртов, а тој се фотографираше во болница - се огласи внукот на Дара Бубамара
Австриските медиуми пренесуваат дека состојбата на ранетиот Стефан Вилотијевиќ (22), припадник на кавачкиот клан кој завчера попладнето беше ранет во престртелка пред познат ресторан во Виена, се уште е стабилна, но и понатаму е опасно.
Мајката на ранетиот Стефан објави фотографија од болница на која е со ранетиот син, демантирајќи ги наводите дека момчето им подлегнало на повредите.
-И покрај желбите на многумина, мојот син е жив и заедно сме - напиша мајката на Стефан во опис на фотографијата која ја објави на социјалните мрежи.
Стефан Вилотијевиќ е син на црногорскиот криминалец Кичун Вилотијевиќ кој беше убиен во 1999 година, како и помлад брат на вториот син на Кичун, Филип кој беше изрешетан во 2015 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа