Перете алишта на 30 или 40 степени - тоа е најголемата грешка која ја правите

 

Дали и вие ги перете вашите алишта на 30 или 40 степени?

Многумина од нас тоа го прават, сметајќи дека високата температура е непотребна, бидејќи таа облека ја облекуваме неколку пати, па сакаме да избегнеме да ја упропастиме со често перење на високи температури, но микробиолозите сметаат дека тоа е погрешно.

Посебно е опасна, велат температурата од 30 степени, бидејќи многу бактерии, вклучувајќи ја и Ешерихија коли може лесно да преживеат на таа температура. Од друга страна, температурата од 40 степени е гранична за убивање на тие бактерии, па микриобиолозите велат дека доколку сакате да бидете сосема сигурни, секогаш бирајте најмалку 60 степени Целзиусови.

Секако, и понатаму важи правилото дека долната облека, пешкирите, постелината и кујнските крпи се перат најмалку на 90 степени.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2018 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега