Откриено колкави се платите за најбараните професии во странство и колкави се трошоците за живот

 

Преселувањето во странство зема замав во цел Балкан, многумина заминуваат за „парче леб“.

Меѓутоа прашање е колку чини животот и работата во странство. Дневник.хр направи истражување колкави се трошоците за живот, кои професии се најбарани и во кои сектори, но и она што сите најмногу ги интересира - колку се бараните професии во странство навистина платени.

Шведска

Шведска има специјализирана организација САКО, која истражува кои професии се најпотребни на нивниот пазар на труд и се занимаваат со усмерување на образованието кон потребниот пазар. На прашањето кои професии се дефицитарни во Шведска првите три места се следните:

1. Учител за предшколско образование

2. Учител во основно образование

3. Фармацевт

Просечните плати за наведените професии се следни: Учител во предшколска просечно заработува нешто повеќе од 29.000 шведски круни (2.800 евра). Учител во основно училиште зема малку поголема плата, 32.600 шведски круни (3.200 евра), а фармацевтите земаат 41.270 шведски круни плата (4.000 евра).

Треба да се напомене дека во Шведска се исплаќаат бруто плати, а платите од 50.000 круни (4.800 евра) се кратат до 30 отсто, зависно од местото на живеење. Здравството во Шведска е бесплатно, а повеќето граѓани се осигурани преку работодавачите или училиштата.

За просечни месечни трошоци во Шведска, вклучувајќи и станарина со сметки, храна, облека, јавен превоз, се трошат околу 1.200 до 1.300 евра. На пример, просечен стан да се изнајми чини 560 евра месечно, доодека на храна во просек месечно се троши 190 евра. На облека чевли и слично се троши до 70 евра месечно. За јавен превоз 50 евра месечно, а цената на бензинот во Шведска е 1,25 евра за литар.

Финска

Финското министерство за работа два пати годишно објавува листа на најбарани професии. За втората половина на 2018 година расте побарувачката за логопеди и експерти за слух. Се бараат градежници, негователи, социјаслни работници, воспитувачи, Финскиот пазат во моментов најмногу бара заварувачи и градежници.

Подстанарски стан во главниот град на Финска чини исто колку и наем на куча во северот од земјата. Просекот за станарина на база на цела земја изнесува 13,5 евра по квадрат, а во Хелсинки тој износ расте скоро двојно, па така станарина за 50 евра квадрат во центарот на градот изнесува околу 1.150 евра.

Просечната плата за логопед со 5 до 10 години работно искуство изнесува околу 4.500 евра, лидер на градилиште со исто работно искуство зема одолу 4.300 евра плата, а искусни инженери во градежништвото во просек се платени 3.500 евра, со тоа што во Финска платите секогаш се изразуваат во бруто износ.

Австрија

За разлика од Шведска и Финска, каде нема утврдено колку изнесува минималната плата, во Австрија за 2018 година таа изнесува околу 3.000 евра за искусни работници постари од 30 години, а 2.600 за помлади од 30 години. За 2019 година во Австрија е утврдена минимална плата од 3.163 евра за постари, а 2.635 евра за помлади квалификувани работници. Сите плати се изразени во бруто износ.

Австрија најмногу дозволи за работа издавала на  работници од ИТ секторот, управници и директори на претприемништва, занимања поврзани со спорт, здравствени работници, инженери и електротехника.

Просечните трошоци за живот во Австрија варираат зависно од подрачќјето. Просечниот Австриец троши околу 1.970 евра месечно, додека во домачќинството се трошат и до .990 евра.

Најмногу се троши на станарина и режии 530 евра месечно, храна и пијалоци 225 евра, превоз 270 евра месечно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2018 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега