Драма за хрватската пејачка: Сопругот се срушил, три пати го оживувале
Поранешниот ватерполист Будимир кој и е сопруг на познатата пејачка Дорис Драгоевиќ, три пати го враќале во живот во болница.
Хрватските медиуми пренесуваат дека ватерполистот се фатил за градите и паднал на земјата, по што итно бил однесен во болница. Дури три пати го оживувале.
- Беше страшно да се гледа, пред да дојде брзата помош го враќаше физиотерапевтот во живот три пати, животот му висеше на конец, вели сведок за 24сата.хр.
Итно е опериран и ставени му се два стента, а пејачката засега се нема огласено по драмата.
27.12.2018 - 16:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа