Германските доктори имаат најдобар лек за гастритис - овој напиток ќе го обожавате

 

Без разлика дали станува збор за гастритис, киселини во желудникот, нетолеранција на некоја храна или стрес – болката во стомакот е секако непријатна.

Секако, таа не може магично да исчезне, но може да направите нешто за да се намали, без да консумирате лекови или да одите на доктор, доколку знаете дека не е ништо сериозно.

Во продолжение неколку домашни и природни лекови кои ќе ви помогнат да се ослободите од болката во стомакот:

Лута црвена пиперка

Црвената лута пиперка е природен анестетик и може да помогне да се намали болката и непријатното чувство во стомакот, освен ако не реагирате лошо на неа.

Исто така, помага и за побрзо варење на храната, но имајте на ум дека треба да ја комбинирате со друго јадење кога ја консумирате.

Јога

Многу јога пози може да ви помогнат за полесно варење на храната и да овозможат движење на храната низ цревата. 

Ѓумбир

Ѓумбирот има одлично влијание на здравјето на стомакот, бидејќи ги намалува воспаленијата исто како и некои медицински лекови.

Ја подобрува циркулацијата на крвта и помага во полесно варење на храната, како и полесно движење низ цревата.

Спречува гасови и ги релаксира мускулите во тој предел, заради што помага во ослободување од болка.

Ориз

Исто како компирот и овесните снегулки, исто така и оризот помага за полесна дигестија и има смирувачки ефект. Оваа храна не останува долго во стомакот и не создава киселини.

Топлина

Топли облоги на стомакот исто така помагаат за релаксирање на мускулите и за намалување на болката и грчевите.

Есенцијални масла

Маслата од ментол, ѓумбир, оригано, кокос, арган и други слични есенцијални масла помагаат во ослободување од болка и за подобрување на дигестија, а дури и за менструални мачнини во пределот на стомакот.

Ментол

 

Mentha piperita или нане е билка со убав и освежителен мирис на ментол кој во билката го има најмалку 40%. Мента му дава пријатен мирис на чајот, поттикнува работата на метаболизмот помага кај гастритисот и го чува желудникот, намалува надуеност, воспаленија и грчеви.

Нането е корисна и лековита зачинска билка, има убав и пријатен и освежителен мирис. 

За подготовка на чај земете лажица суво нане и попарете со шолја зовриена вода и процедете го чајот по 5 минути. Чајот е одличен природен тоник за зајакнување на целиот организам во зима и за освежување и разладување во текот на летото. Во комбинација со камилица или мајчина душичка ќе помогни кај болки во желудникот, мачнини и повраќање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2018 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега