Чолиќ откри детали за празниците во неговиот дом
Иако важи за еден од најпознатите пејачи, Здравко Чолиќ успеа да го сочува својот приватен живот, а сега откри детали за Нова година.
- „Домот е украсен, а подароците се подготвени. За украсувањето на елката е задолжена помалата ќерка Лара и таму никој од нас не се меша. Мојата работа е таква што за Нова година најчесто работам. За Божиќ сме дома, сопругата Александра секогаш ќе зготви разни јадења, секој што најмногу сака, а потоа сите ќе се собереме.Празничната атмосфера ме потсетува на детството“ вели Здраво за „Hello“.
- „Кога бев млад, за Нова година бев со семејството во домашна атмосфера.Многу сакав да добивам честитки кои некогаш се праќаа. Сега се е во електронска форма. Кога бев момче почнав да излегувам.Ние неколку парови, шведска маса, камин…Околу 23часот ќе се пресоблечеме во одела и фустани за Нова година, па ќе заврне снег и нема да може да излеземе од викендичката“ се потсети Чолиќ и откри како ќе ја дочека Нова година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа