Македонската пејачка со емотивна порака за сопругот: „Можеби треба да сум ти лута, но јас сум благодарна“
Пејачката Елена Петреска денеска со својот сопруг Андреј Толевски, слави годишнина од брак. Тие од бракот ги имаат децата Михаел и Софија. По повод годишнината, пејачката сподели емотивен статус посветен на нејзиниот сопруг.
- Луѓето мислат, да ја најдеш својата половина е соврсшенство од љубов, емоции и бајка... Поминуваат часови на незадоволство обвинувајќи ги другите околу себе за своите незадоволства.... Но, да ја најдеш својата половина значи да се огледаш на неа...да го видиш несовршенството... се што ти смета во тоа огледало и се трудиш да го промениш е она што си самиот Ти!. Се што чувствуваш и сите емоции што ти ги буди тоа огледало се само рефлексија на твојата душа и твоите мисли. Затоа, љубовта не е само бајка, љубовта е работа на себе, будење, себеанализа и осознавање на своите маани и доблести, а најдобро од се кога сме заљубени е што се трудиме да станеме подобри личности, за кога ќе се огледаме пред огледалото до нас да се чувствуваме комфортно и убаво со Себеси. Ако има дефиниција за нашата љубов Андреј Толевски, тогаш дефинитивно тоа е работа на себе! Љубовта кон тебе многу ме промени, твојата сурова искреност ме направи подобра личност. Можеби треба да сум лута, но за чудо денес сум благодарна! Фала ти што ми помагаш да растам! Денес пред 7 години, кажав ДА - напиша познатата пејачка на социјалните мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа