Кенсингтонската палата објави видео со најубавите моменти од 2018-та

 

Во видеото кое го објави Кенсингтонската палата, а во кое се прикажани најубавите и најдрагите моменти од претходната година, најмногу се појавува Меган Маркл.

Оваа година беше важна за кралското семејство, од раѓањето на принцот Луис, две кралски веначавки и неколку турнеи.

Кралската палата по повод на крајот на 2018 година објави видео во кое се прикажани сите најдобри и најважни моменти.

Во видеото кое трае 3 минути, многумина забележаа дека најмногу се појавува Меган Маркл.

Имено, Меган во видеото се појавува повеќе од 30 пати, а војвотката Кејт Мидлтон се појавува 23 пати.

Видеото започнува со сцената каде што бремената Кејт Мидлтон седи во училиштетото со децата.

Во ова кратко видео прикажно е и првото појавување на Кејт и Вилијам со синот Луис, венчавката на Меган Маркл и принцот Хари, Меган и кралицата на првото службено патување…

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2019 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега