Денес се празнува Света маченица Јулијана- ако се помолете се верува дека ќе ви исполни една желба

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 декември.

Денеска е Св. маченица Јулијана.

Света Јулијана живеела и пострадала за Христа во градот Витинија, Мала Азија, во третиот век. Потекнувала од богата и угледна фамилија. Уште додека била малечка, била ветена за жена на некојси Елевсиј, кој исто така потекнувал од висок род.

Додека растела, Јулијана се запознала со Христовото учење и поверувала во единствениот Бог. Кога и дошло време за мажење, таа не сакала да влезе во брак со Елевсиј, зашто овој бил незнабожец.

Родителите не успеале да ја разубедат и најпосле ја предале како христијанка на Елевсиј, кој во тоа време бил управник. Елевсиј ја измачувал два дена, а потоа ја погубил. Оваа блажена девојка пострада во 290 година.

Според народните верувања, Св.  маченица Јулијана се смета за заштитничка на жените и девојките, но и на сите оние кои се неправедно измачувани, па затоа се верува дека оние кои деенес ќе и се помолат, ќе им ги оствари една желба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2019 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега