Теона рече „да“: Ќе се мажи ќерката на Сузана Спасовска

 

Ќе се мажи ќерката на Сузана Спасовска. Теона Спасовска, ќерката на Македонската фолк дива, Сузана Спасовска, пред неколку дена објави таа на својот фејсбук профил во кој напиша:

„Реков „ДА“, на мојот роденден“, напиша Теона.

Избраник на Теона е Виктор Велковски со кого подолг период е во врска.

Теона речиси воопшто не се експонира во јавноста и не го продолжи патот на својата славна мајка, зашто воопшто не се занимава со пеење. 

Инаку, Теона е дете на Сузана Спасовска од бракот со српскиот менаџер Раде, со кој во почетокот на 90-ите „Сузе – Национале“ беше во емотивна врска, која не траеше долго.

Теона за прв пат се појави во видео запис на својата мајка во песната „Дали знаеш ти (Рамо за плачење)“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2019 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега