Познатиот актер објави дека очекува бебе со новата сопруга која е 31 година помлада од него
Познатиот француски актер Винсент Касел им соопшти на своите обожаватели дека очекува дете со неговата 31 година помлада сопруга, манекенката Тина Кунаки, со која се ожени во август минатата година.
Објавата на среќната вест на Твитер беше неизбежна, откако пред неколку дена на аеродромот „Орли“ Кунаки го покажа стомачето.
Касел (52) пред неколку години се разведе од актерката Моника Белучи по 14 години брак.
03.01.2019 - 09:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа