Денеска се слави Светата великомаченичка која во Македонија им помагала на Христовите страдалници

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 декември.

Денеска е Св. великомаченица Анастасија.

Зборот маченик е превод на грчкиот мартис, што значи сведок. Значи, мачениците се сведоци, кои со својот чудесен живот сведочат за една божествена стварност што им е достапна на луѓето. А тие што со животот покажале посебно сведоштво за распнатиот и воскреснат Христос, Црквата ги нарекува великомаченици. Таква беше оваа света Анастасија, по потекло римјанка од виден род. Таа ги поднесе сите неприли¬ки со својот маж, незнабожец, ја поднесе тежината на затворот и во сето тоа не престана да ги помага затворениците и сите што се наоѓаа во некоја мака. Заради таа своја вина од римските управници свети Анастасија беше наградена со смрт, а од Христа со живот во неговите вечни живеалишта. Свети Анастасија пострада во 290 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2019 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега