ФОТО: Покојниот актер живеел скромно и едноставно - оваа фотографија се споделува на социјалните мрежи

 

„Се навикнав на градскиот превоз, јас сум стар муштерија уште од студенстките денови“ - рекол при една прилика прославениот актер кој во секоја прилика го користел јавниот превоз.

И навистина, неговиот живот бил едноставен. Сакал да поминува време со семејството, пријателите, и на своите деца да им биде ветар во грб. Тој сакал да води вообичаен живот.

-Ако некој сака да го проживее својот живот нормално и исто така да ја работи својата работа, има шанси да преживее , сам во екстремни популарности, кога народот не може да одолее да не ја изрази својата љубов кон некои ликови - раскажал Марко.

Марко Николиќ е роден во Краљево на 20 октомври во 1946 година. Актерство дипломирал на Академијата за театар, филм , радио и телевизија во Белград. Бил член на Народниот театар од 1970та. Играл во театар, филм и на ТВ.

Од 1963 до 2018 година, глумел во преку 80 остварувања, од кои некои се телевизиски, некои филмски, некои театарски, а уживаше голем углед меѓу колегите. Токму и актерите денеска се опростуваат од него.

Марко Николиќ на 22 септември минатата година и го дал можеби последното интервју за спортската рубрика на српски Курир.

Да постетиме, познатиот српски актер почина вчера на 73. години од животот. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2019 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега