Драган Бјелогрлиќ за својот Гига: Кога и да се сретневме ќе ми удреше по една воспитна
Драган Бјелогрлиќ со покојниот Марко Николиќ повеќепати соработуваше од почетокот на својата актерска кариера, па се до последните проекти, серијата „Сенке на Балкану“ и “Жигосани во рекетот“. Тој за српски Курир се прости од својот телевизиски татко со многу тага и емоции.
„Во филмот Бошко Буха„ Марко Николиќ играше наш командант, кого сите го викавме “чале“. Во “Бољи живот“ исто така ми беше татко, легендарниот Гига. Кога и да се сретнеме ќе ми удреше по една воспитна, како што тоа му го правеше Гига на Бобо“ напиша Бјелогрлиќ и додаде:
„Ми беше телевизиски татко. Беше прекрасен, топол човек, убаво пееше, свиреше гитара. сакаш повеќе да зборува за риболов отколку за глума, ги сакаше жените а и тие него. Во сите мои режисерски проекти одигра фантастични улоги. Отиде рано. Можевме уште малку да се дружиме и да работиме. Многу ќе ми недостасува. Збогум, Гиго мој“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа